Достапни линкови

Трамп ќе даде транскрипти од постар разговор со Зеленски


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно во вторник ќе објави транскрипти од друг телефонски разговор со претседателот на Украина, Володомир Зеленски, кој се случил во април. Оваа најава од Трамп доаѓа во екот на истрагата за негов импичмент токму поради обвинувањата за „телефонски разговори со условување“ на Украина, објави Си-Ен-Ен.

„Тие сакаат да имаат препис од другиот повик, втор повик, и јас сум подготвен да го обезбедам тоа“, им рече Трамп на новинарите.

Трамп рече дека прво разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски во април, но неговата комуникација со Зеленски во јули досега беше во фокусот на истрагата за импичмент.

XS
SM
MD
LG