Достапни линкови

Четворица убиени и над 100 повредени на протестите во Ирак


Четворица се убиени, а 108 се повредени во денешните антивладини протести во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицински и полициски извори, пренесе Ројтерс. До инцидент дошло откако безбедносните сили ги „исчистиле“ трите главни мостови преку реката Тигар. Безбедносните сили на мостот Синак ги потиснале демонстрантите кон плоштадот Хилани, каде во судир се повредени 35 луѓе.

Според некои од локалните медиуми, демонстрантите се прегрупирале со цел повторно да се обидат да преминат преку мостот. Преку овој мост може да се стигне до строго обезбедуваната Зелена зона, каде се наоѓаат странски амбасади и владини институции. Досега во антикорупциските протести и жестокиот одговор на власта загинале повеќе од 250 лица.

XS
SM
MD
LG