Достапни линкови

Пожари во Австралија - Загинати, исчезнати, повредени


Илустрација

Најмалку двајца загинале, седум се водат како исчезнати и повеќемина се повредени во страотните шумски пожари кои беснеаат во Австралија. Вонредната состојба во најтешко погодената држава Нов Јужен Велс е на сила веќе втор ден по ред а надлежните посочуваат дека најлошото допрва следува, пренесе АП.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Бериџиклијан, предупреди смртоносниот биланс ќе продолжи да се зголемува во текот на денот.

“За жал, тоа што го доживеавме вчера беа пожари без преседан. Додека сум тука со вас, имаме повеќе од 70 пожари кои горат во државата, повеќе од 40 од нив се надвор од контрола а најмалку 5 се со најголем ризик. Но, тоа што е трагично во овој миг е дека имаме потврда дека најмалку 2 животи се изгубени, има уште барем 7 луѓе кои не знаеме каде се и за жал морам да кажам дека таа бројка може да се зголеми во текот на денот”, изјави Бериџиклијан.

XS
SM
MD
LG