Достапни линкови

Почна повлекувањето на украинските војници и проруските бунтовници


Украинскиата војска и проруските бунтовници почнаа со повлекување на своите сили во важниот сектор на линијата на фронотот во источниот дел на Украина, соопшти украинската војска, пренесе АП.

„Почна повлекувањето на војниците и оружјето“, изјави високиот воен претставник Богдан Бондар.

Политичките претставници во самопрогласената Доњецка народна република го поздравија почетокот на повлекувањето на оружјето и војниците. Операцијата е детално договорена и почна околу пладне по локално време, со истрелување на сигнални ракети од двете страни, бели како знак дека двете страни се подготвени, а потоа зелени за почеток на повлекувањето. Под надзор на набљудувачи на ОБСЕ, војниците од двете страни отстапија и се повлекоа за по еден километар.

XS
SM
MD
LG