Достапни линкови

Медена земја номиниран за најдобар европски документарец


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“.

Денеска во Севиља, Шпанија, беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата најдобар европски документарец за 2019 година.

Неодамна американскиот „Лос Анџелес тајмс“ го стави „Медена земја“ меѓу најсериозните кандидати за Оскар.

XS
SM
MD
LG