Достапни линкови

Моралес тврди дека се прави пуч во Боливија


Фотографија од еден од многубројните протести на опозицијата во Боливија, која претседателот Моралес ја обвинува за обид за пуч

Боливискиот претседател Ево Моралес на Твитер напиша „Демократијата во земјата е во опасност“, и по жестоките судири меѓу приврзениците на владата и на опозицијата, ги обвини неговите политички противниците за обид за државен удар, пренесе АП.

„Насилни групи започнаа со изведување пуч во земјата, со цел да го соборат уставниот поредок. Го осудуваме овој обид за превртат“, напиша Моралес на Твитер.

Според дел од локалните медиуми, во повеќе градови полицијата им се приклучила на бунтовниците против Моралес. Протестите и судирите почнаа по 20 октомври, откако опозицијата рече дека се сомнева во победата на Моралес и побара проверка на резултатот.

XS
SM
MD
LG