Достапни линкови

Јоксимовиќ: Европското НЕ за Македонија не е СТОП за Србија


Јадранка Јоксимовиќ

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави денеска дека не очекува одлуката на Европскиот совет за Северна Македонија и Албанија, да го попречи европскиот пат на Србија. Таа за ТВ Пинк изјави дека политиката на проширување има свои подеми и падови, но дека „вратата не е затворена“, особено не за Србија, која, како што вели, е длабока во пристапниот процес, јави МИА од Белград.

Зборувајќи за одложување на почетокот на преговорите за Северна Македонија и Албанија, Јоксимовиќ оцени дека се слушнале многу различни наративи и мислења, како оние дека тоа е катастрофа или историска грешка, но таа сето ова, таа не би го сфатила толку
драматично.

XS
SM
MD
LG