Достапни линкови

Бислими: Српска листа да го признае Косово ако сака во Владата на Курти


Лидерите на Самоопределување

Потпретседателот на Движењето Самоопределување, Бесник Бислими, вели дека идната Влада на Косово, која ќе ја предводи Албин Курти, може да се формира и без членови на Српската листа, иако таа партија на парламентарните избори од 6 октомври победи убедливо во средините со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бислими во интервју за порталот „ЕкономијаОнлајн“ вели дека Српска листа која обзнани дека за тоа дали ќе учествува во идната косовска влада ќе се консултира со Белград, за да стане дел од кабинетот на Курти првин треба да го почитува Уставот на Косово и да докаже
дека ја признава косовската држава и работи за нејзино добро.

„Уставот вели јасно, во член 92.1, дека Владата на Косово треба да работи согласно уставот на Косово. Тоа значи дека ние ја признаваме државата Косово и работиме за доброто на оваа држава. Српска листа треба да документира дека ја признава косовската држава и дека ќе работи за унапредување на интересите на Република Косово, изјави Бислими.

XS
SM
MD
LG