Достапни линкови

Нереди и протести во Грузија поради геј филм


Премиерата на филм за двајца машки танчери во Грузија беше дочекана со хомофобични протести на кои дојде и до судир со полицијата доцна синоќа, при што беа повредени двајца полицајци, а приведени 27 демонстранти, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Дваесет и седум лица беа уапсени во главниот град Тбилиси и двајца полицајци се повредени додека го чуваа киното каде се прикажуваше драмата „И тогаш танцувавме“, соопшти грузиското МВР.

Американската амбасада го советуваше својот персонал во Тбилиси да биде подалеку од местата на протестите, бидејќи, како што рече, демонстрантите биле „антиамерикански по природа и лажно ги обвиниле САД и другите западни влади дека наредиле одржување на проекциите на филмот.

Филмот на режисерот Леван Акин од Шведска, треба да се прикаже во пет кина низ цела Грузија викендов, а полицијата ќе ги обезбедува киносалите. Организаторите велат дека сите билети се распродадени.

XS
SM
MD
LG