Достапни линкови

Теута Арифи: Во САД сум како дома


Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, која е втор мандат на чело на оваа општина, вели дека ќе го заврши мандатот како градоначлник на Тетово, а потоа се отворени сите опции, вклучувајќи го и амбасадорското место во САД, откако во неколку наврати таа беше спомната како кандидат за амбасадор во Соединетите држави.

„За мене тоа е едно големо почитување, имајќи го предвид фактот дека во САД секогаш сум се чувствувала како дома. Нормално дека за мене тоа е едно големо почитување, самиот факт што за тоа се зборува но сакам да истакнам дека јас уште две години имам обврски спрема граѓаните на Тетово“, вели Арифи во интервју за МИА.

XS
SM
MD
LG