Достапни линкови

Собрание- донесен закон за вино, прво читање на законите за одбрана и за лобирање


Архивска фотографија- собраниска седница

Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вино, во второ читање. За измените не гласаа пратениците од опозицијата, бидејќи тие сметаат дека овој закон не ги решава проблемите на лозарите како што се загарантираниот откуп и загарантирана цена, туку се однесува повеќе за винариите.

Во прво читање помина Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се усогласуваат одредени негови делови со стандардите на НАТО, а се врши и терминолошко усогласување и прецизирање на одредени поими.

Пратениците ги поддржаа во прво читање и потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за правда на децата, како и Предлог законот за лобирање.

XS
SM
MD
LG