Достапни линкови

Дендиас:Чекањето на ЕУ за Скопје и Тирана не е политика, ниту позиција


Европската унија создаде јаз во политиката и кон Северна Македонија и кон Албанија, ги остави на „чекање“, а „чекањето“ не е политика, „чекањето“ не е воопшто ни позиција, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во интервјуто за грчкото радио „Тема фм“ и додава дека во оваа смисла сака да се информира на утрешната средба со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција разговара и со Италија и со Германија, бидејќи ЕУ перспективата на земјите од регионот, за Атина е директно прашање, но посочува дека е потребна внимателност.

За евентуална промена на власта кај нас, Дендиас како пример споменува дека и во Грција се смени Владата, а актуелната нема „апсолутно поклопување со позицијата на претходната влада за Договорот“, па и покрај тоа го почитува.

XS
SM
MD
LG