Достапни линкови

Меркел и Столтенберг реагираат за изјавата на Макрон за НАТО


Архивска фотографија- Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел

Францускиот претседател Емануел Макрон употреби драстични зборови кога рече дека НАТО е во состојба на мозочен удар, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Таа додаде дека тоа не е и нејзино гледиште. За време на заедничката прес конференција во Берлин генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така ја одби таквата квалификација од Макрон.

XS
SM
MD
LG