Достапни линкови

Ердоган- ако ЕУ не помогне Турција ќе ги отвори вратите за бегалците


Архивска фотографија- турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција ќе ги отвори вратите кон Европа за сириските бегалци доколку Европската унија не и даде доволно помош на Анкара, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека Турција не може да го носи товарот сама.

Без разлика дали ќе добиеме помош или не, рече Ердоган, ние ќе продолжиме да им помагаме на гостите што ги имаме, но ако тоа не функционира, ќе ги отвориме вратиме, нагласи турскиот претседател на заедничката прес конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Анкара често бара да и помогне на Турција каде што има сместено повеќе од 3,5 милиони бегалци.

XS
SM
MD
LG