Достапни линкови

Косово- Поранешниот претседател на собранието доби покана од судот за воени злосторства


Архивска фотографија- Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели

Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и претседател на последниот состав на Собранието на Косово, Кадри Весели објави денеска дека добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово за интервју кое ќе се одржи на 4 декември оваа година, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели во изјава за медиумите најави дека позитивно ќе одговори на поканата од меѓунарoдниот суд, чие седиште е во Хаг.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа оваа меѓународна правна институција ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 200 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

XS
SM
MD
LG