Достапни линкови

Помпео - Светот треба да одговори на провокациите на Иран


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, вели дека меѓународната заедница треба да го отфрли притисокот што го прави Иран со последните активности и да преземе сериозни чекори.

Техеран направи уште едно прекршување на обврска од нуклеарниот договор склучен во 2015, со тоа што продолжи со збогатувањето на ураниум во објектот„Фордоу“. Меѓународната заедница треба да се замисли како Иран би се однесувал со нуклеарно оружје. Соединетите Држави никогаш нема да дозволат тоа да се случи, рече Помпео.

Збогатениот ураниум може потенцијално да се користи и за производство на нуклеарно оружје.

Помпео вели дека со најновите чекори Иран сака да изнуди меѓународната заедница да го прифати нивното насилство и терор, додека го поткопуваат суверенитетот на соседите. Тој вели дека ваквите провокации на Иран бараат меѓународната заедница да преземе сериозни чекори.

Помпео е во дводневна посета на Германија.

XS
SM
MD
LG