Достапни линкови

Мицотакис и Заев ќе се сретнат следната недела во Солун


Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис на средба во Њујорк

Премиерите на Грција и на Северна Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, следната недела ќе имаат средба во Солун. Тие ќе се сретнат на маргините на Самитот во Солун, што се одржува на 14 и 15 ноември.

Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. Мицотакис освен со Заев, ќе има средба и со бугарски колега Бојко Борисов.

Заев и Мицотакис имаа средба и во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

XS
SM
MD
LG