Достапни линкови

Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово имаат мнозинство во парламентот


Конечните резултати од изборите во Косово покажуваат дека досега опозициските партии, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно освоија мнозинство од 61 место во 120-членото Собрание. Изборите се одржаа на 6 октомври.
Претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) Ваљдете Дака на денешната прес-конференција рече дека Самоопределување освоиле 32 места во идното Собрание, а Демократскиот сојуз 29 пратеници.

Досега владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) ќе има 25 пратеници, додека нејзиниот коалиционен партнер, Алијансата за иднината на Косово (ААК), која настапи заедно со Социјалдемократската партија (ПСД) освои 14 места во новиот Парламент. Нивните партнери во власта, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР), заедно како коалиција освоија 4,984, односно не успеаја да го надминат прагот од пет отсто за влез во Собранието.

Од преостанатите 20 места во Собранието, претставниците на косовските Срби, Српската листа ќе има 10 пратеници, а исто толку места освоија и партиите на другите помали етнички заедници.

XS
SM
MD
LG