Достапни линкови

Уривањето на дивоградбите во Охрид не е запрено, тврди градоначалникот


Угостителски дивоградби во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески вели дека уривањето на дивоградбите не е запрено. Тој на забелешките дека уривањето на дивоградбите оди бавно, вели дека активностите не се само машини на терен, туку се спроведуваат правни постапки потребни за реализација на активностите.

Тој вели дека тоа што треба да се урива ќе се урива.

„Имаме свој план, кога ќе дојде време ќе се постапува. Како што ви кажав, уривањето на дивоградбите не е само машините на терен, ние тераме правни постапки, а градежната механизација за отстранување е крајот на сета таа акција“, рече Георгиески.

Општината ќе издвои повеќе пари со новиот буџет за спроведување на активностите на терен. За таа цел ќе се издвојат повеќе од десет милиони денари, рече градоначалникот. А ако и тие пари се искористат, ќе се побараат и од државата.

XS
SM
MD
LG