Достапни линкови

Курдските сили убиле 11 про-турски борци во Сирија


Турскиот претседател Ердоган.

Курдските сили убиле 11 сириски борци кои ја поддржуваат Турција со што е прекршен договорот за прекин на огнот за создавање „безбедна зона“ во северна Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој вели дека биле убиени 11 припадници на Сириската национална армија. Станува збор за сириска милиција која се бори на страната на Турција. Но, како што вели, загинале и борци од другата страна, оти, како што додава, кој ги напаѓа турските војници и нивните соработници ќе се соочи со одмазда.

Ердоган не кажа каде се случиле борбите, но Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека судирите се случиле во близина на сирискиот пограничен град Аин Иса, без да даде детали за жртви.

Турција започна офанзива во северниот дел на Сирија минатиот месец, насочена кон воспоставување „сигурна зона“, во пограничните подрачја. Според договорите со САД и со Русија курдските сили треба да се повлечат од границата.

Ердоган денеска повторно го критикуваше неуспехот на Соединетите Држави и на Русија да обезбедат целосно повлекување на курдските сили од договорените области.

За ситуацијата во Сирија, Ердоган треба да разговара со својот американски колега Доналд Трамп за време на посетата на Вашингтон на 13 ноември. Ердоган рече дека ќе разговара и со рускиот претседател Владимир Путин по телефон.

XS
SM
MD
LG