Достапни линкови

Иран стартуваше со ново кршење на договорот за нуклеарна програма


Нуклеарната постројка Фордоу.

Иран денеска започна со вбризгување на ураниумов гас во центрифугите во нуклеарната постројка Фордоу, јавуваат локалните медиуми. Ова е најновиот чекор на Техеран во намалување на своите обврски од договорот кој во 2015 година го склучи со светските сили.

Со присуство на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија, Иран започна да вбризгува гас во центрифугите во Фордоу, во централниот дел на Иран, јави денеска државната телевизија.

Портпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нивни инспектори се на терен во Иран и ќе ги пријават сите релевантни активности кои се преземаат таму.

Претседателот Хасан Рохани вчера објави дека ураниумскиот гас ќе започне да се вбризгува во 1.044 центрифуги во подземниот објект. Според договорот збогатувањето на ураниум е забрането.

Американскиот Стејт департмент го нарече овој потег „голем чекор во погрешна насока“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пак, рече дека неговата земја реагира на американските санкции и уцени.

Техеран започна да ги намалува своите обврски од договорот, откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и пак воведе санкции кон Иран.

XS
SM
MD
LG