Достапни линкови

Борци на ИД нападнале граничен премин во Таџикистан


Полицијата го истражува местото на нападот.

Милитанти на Исламската држава нападнале граничен премин во Таџикистан и убиле еден граничар и еден полицаец, соопштија таџикистанските власти.

Комитетот за национална безбедност соопшти дека 20 напаѓачи нападнале на граничниот премин меѓу Таџикистан и Узбекистан, кој се наоѓа на 60 километри од Душанбе. Нападот се случил ноќеска. Напаѓачите дошле од Авганистан, велат властите.

Од екстремистичката група Исламска држава нема официјална потврда дека стојат зад нападот. Од Комитетот за безбедност велат дека во престрелката со вооружената група биле убиени 15 вооружени и маскирани луѓе, а пет биле заробени.

XS
SM
MD
LG