Достапни линкови

Собранието ќе избира потпретседател


Собранието на Република Северна Македонија

Пратениците на денешната 116. седница треба да изберат потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе ја одржат 111. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување што се однесува на Република Северна Македонија. За нов потпретседател од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ е предложен Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

XS
SM
MD
LG