Достапни линкови

Бугарин обвинет за руски шпион доби награда од Путин


Рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот бугарски пратеник Николај Малинов

Поранешниот бугарски пратеник Николај Малинов кој е обвинет за шпионажа во корист на Русија се врати во Софија од Москва каде што прими награда од рускиот претседател Владимир Путин за „пријателство и соработка“. Малинов е лидер на проруската лоби група во Бугарија кој е позната како Русофили. Тој пред два дена во Москва доби „Орден за пријателство“, награда која вклучува и паричен надомест од околу 40.000 долари. Тој ги отфрла наводите на обвинителството дека работи во интерес на Русија.

XS
SM
MD
LG