Достапни линкови

Протест и контрапротест пред гостувањето на Вучиќ во РТС


Протест пред гостувањето на Вучиќ во РТС

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека му е жал што пред зградата на Радио телевизија Србија дошло до непотребни кавги меѓу претставници на иницијативата Еден од пет милиони со околу 30 негови приврзаници. Тој оцени дека собирот пред РТС бил незаконски и оти со него се испраќало лоша порака. Претходно околу 200 активисти од иницијативата Еден од пет милиони и на опозициската коалиција Алијанса за Србија го блокираа главниот влез на зградата во протест поради, како што изјавија, владината контрола врз медиумите.

XS
SM
MD
LG