Достапни линкови

Бугарски државјанин обвинет за шпионажа одликуван од Путин


Рускиот претседател Владимир Путин и Николај Малинов

Рускиот претседател Владимир Путин му додели „Орден за Пријателство“ на бугарскиот државјанин Николај Малинов кој беше обвинет во неговата земја за шпионажа. Церемонијата се одржа во Москва откако бугарскиот суд пред неколку дена му дозволи на Малинов да ја напушти земјата на 5 дена.

Малинов кој е поранешен пратеник на Социјалистичката партија во Бугарија и кој предводи проруска граѓанска организација беше обвинет во септември за шпионажа и перење на пари за две руски организации. Според обвинението, тој работел со руските организации со цел да се влијае врз надворешната политика на Бугарија во однос на Западот и на Русија.

XS
SM
MD
LG