Достапни линкови

Сасоли - Северна Македонија е подготвена за преговори


Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли денеска во Скопје порача дека за Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија, Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање ќе успеат да ги надминат нивните сомнежи.

Тој при денешното отворање на Европската куќа во Скопје рече дека не треба да губиме надеж, бидејќи Европската унија има потреба да работи заедно со земјата да се направи сè за таа да биде членка и да учествува во изградбата на нова Европа.

„Имаме заедничка судбина и не е доволно една мала блокада за да се запре вниманието што го имаме кон вас, а тоа е Северна Македонија да стане дел од Европската унија. Се работи за разочарување, но треба да имаме голема доверба и надеж, рече Сасоли, на отворањето на Европската куќа.

XS
SM
MD
LG