Достапни линкови

Иран го забрзува збогатувањето на ураниум


Шефот на иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи

Иранските власти соопштија дека го забрзале збогатување на ураниум користејќи нови центрифуги, кои се забранети со договорот, со што сториле ново прекршување на одредбите од договорот за нуклеарната програма.

Земјата сега има прототип центрифуга што работи 50 пати побрзо од оние што се дозволени според договорот, рече шефот на иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи. Тој рече дека овие потезите ќе го покажат капацитетот и решеноста на Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од договорот склучен во 2015 меѓу Техеран и светските сили и ги врати санкциите.

Во меѓувреме, Техеран постепено намалува дел од своите обврски според договорот со кој требаше да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма, а за возврат да бидат укинати санкциите.

Иран денеска одбележува 40 годишнина од преземањето на американската амбасада во Техеран.

XS
SM
MD
LG