Достапни линкови

Спасовски прстот за бегството на Игор Спасов го вперува во судство и обвинителство


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со бегството на Игор Спасов вели дека клучен е одговорот од обвинителот и од судијата кои дале дозвола да му се прекине издржувањето казна затвор. Според него тоа прашање е клучно и мора да се сноси одговорност. Посочи дека за таквите прекини на издржувањето на казната затвор се известуваат веројатно Агенцијата за извршување санкции и Казнено – поправните установи, но дека МВР не добива такви информации, а не се ниту задолжени да ги информираат. Па затоа МВР дознало за Спасов кога требало да се пронајде и сето тоа покажува колку системот е нефункционален, вели Спасовски.

На институциите им требаше една недела да се информираат и искординираат за случајот со осудениот Игор Спасов.

Министерот вели дека во однос на истрагата ќе се разгледува каде, како и на кој начин ја напуштил Македонија.

Поранешниот специјалец Спасов кој е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, во затвор требало да се јави на 18 октомври, но откако тоа не се случи почна потрагата по него, за да се покаже дека тој ја напуштил земјата. По него е распишана меѓународна потерница.

XS
SM
MD
LG