Достапни линкови

Тимоние - Ако двете страни испорачаме до мај ќе има добри вести


Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од наша и од нивна страна, ќе има добри вести. Тој денеска во Собранието рече дека во земјава најпрво треба да се организираат добри избори и избирачкиот процес да биде зајакнат. Со тоа, рече, ќе се испорача добра слика за Северна Македонија дека е демократска земја, но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми.

Амбасадорот вели дека овој собраниски состав би требало да го заврши својот законодавен циклус со усвојувањето на закон што ќе спречи секаков вид насилство врз жените. Политичките партии да се договорат за поуспешна борба против корупцијата и за поеднакво судство кое успешно ќе се справува со корупцијата, рече Тимоние.

XS
SM
MD
LG