Достапни линкови

Потпретседателката на францускиот Сенат во Скопје


Сенатот на Франција

Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре за време на денешниот престој во Скопје ќе има средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со преставниици на собраниските тела и на пратеничките групи. Сенаторката Конве-Муре која учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот и се очекува наскоро да биде усвоен во Националното собрание, ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со пратеничката група за соработка со францускиот Парламент и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбсност, за надворешни работи и за европски прашања.

XS
SM
MD
LG