Достапни линкови

Претседателот на ЕП Сасоли во Скопје


Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија, што воедно ќе биде и негова прва официјална посета надвор од Европската Унија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски, ќе одржи средби и со лидерите на парламентарните политички партии, претседателот на Собранието Талат Џафери и ќе се обрати во Парламентот. Во почетокот на посетата Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

XS
SM
MD
LG