Достапни линкови

Времето денеска: облачно со врнежи од дожд


Ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од осум до 14, а дневната од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 17 степени.

XS
SM
MD
LG