Достапни линкови

СДСМ се пофали со зголемена капитација за лекарите, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лаги


Партиско лого на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција во СДСМ рече дека од први октомври 2019 година вредноста на капитациониот бод на сите матични лекари се зголемува за 8 денари.

„Тоа изнесува помеѓу 15 и 20% зголемување согласно вредноста на капитациониот бод и разликата којашто досега ја имаа матичните лекари од медицината и стоматологијата“, рече Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа наведувајќи дека последна „во низата лаги е онаа за покачување на капитациите на матичните лекари, стоматолозите и гинеколози„.

„Колку за илустрација, на власт дојдоа со ветување дека на матични лекари ќе им ја покачат капитацијата, од парите што ФЗОМ и тоа од 55 денари на 90 денари. Замислете, сега капитацијата ја покачуваат за само 8 денари, а ветија 35 денари“, рече Игор Николов, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG