Достапни линкови

Хаменеи: Техеран да не разговара со Вашингтон


Архивска фотографија -Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи денеска рече дека Техеран треба да се држи до забраната за какви било разговори со Соединетите Американски Држави. Тој ова го кажа на државната телевизија, на одбележувањето на 40 годишнината од опсадата на американската амбасада во Техеран.

„Тие кои гледаат на преговорите со САД како на решение за секој проблем грешат. Ништо нема да произлезе од разговорите со САД бидејќи тие дефитивно не сакаат каква било отстапка“, рече Хаменеи.

Оваа изјава доаѓа и во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од нуклеарниот договор кој Иран го постигна со светските сили во 2015 година.

XS
SM
MD
LG