Достапни линкови

ОЈО- Криумчари тепале мигранти во Ваксинце, четворица осомничени


Архивска фотографија- Јавно обвинителство на Република Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против четири лица, тројца пакистански и еден македонски државјанин, за криумчарење мигранти. На тројца од осомничените им е одреден триесетдневен притвор, а на еден мерка куќен притвор.

Според обвинителството кон крајот на октомври и почетокот на ноември, осомничените, заедно, по претходен договор, прифаќале мигранти и ги сместувале во куќата на осомничениот македонски државјанин. Кога мигрантите ќе посакале да си заминат, осомничените Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари ги принудувале жртвите телефонски да стапат во контакт со свои роднини и да бараат да префрлат пари на сметки што осомничените им ги посочувале. Ако за определено време не биле испратени парите, жртвите биле тепани и малтретирани со палки и шипки.

„На ваков начин осомничените постапиле и кон две лица со индиско потекло. Тие вознемирени и со плачење се јавиле на свој пријател во Белград и побарале да уплати на сметка по 1.300 евра за секој од нив, за да им биде овозможено да ја продолжат рутата. Пријателот веднаш случајот го пријавил во српската полиција. По добиената информација од страна на органите на Р. Србија, вечерта на 1 ноември 2019 година, македонските полициски службеници спровеле полициска акција во село Ваксинце„, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG