Достапни линкови

Потпретседателката на францускиот сенат во Скопје


Архивска фотографија- францускиот сенат

Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре утре доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи, соопшти Амбасадата на Франција.

„Оваа посета, што се реализира во рамки на француската стратегија за Западен Балкан, ги реафирмира односите на доверба и пријателство меѓу францускиот Сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина“, се нагласува во соопштението.

Таа според најавата ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со пратеничката група за соработка со францускиот парламент и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надворешна политика и за европски прашања, Хари Локвенец, Антонио Милошоски и Артан Груби.

XS
SM
MD
LG