Достапни линкови

Сасоли: Наредните шест месеци се многу важни


Архивска фотографија- Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли кој во понеделник ќе ја посети земјава, во интервју за МИА вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освестила европската јавност за важноста на ова прашање. На прашањето дали верува дека Франција ќе се предомисли и кога, Сасоли вели дека наредните шест месеци ќе бидат многу важни.

„Мислам дека треба да стигнеме на самитот во Загреб со консензус од европска страна. Тоа што ќе го стори новата Европската Комисија ќе биде одлучно. Веруваме дека новата Комисија ќе го следи истиот пат како и Комисијата на Јункер, дека ќе продолжи со овие напори и ќе ги трансформира во нешто солидно. Не губиме време и наредните шест месеци нема да бидат изгубени. Ова ќе биде исто така можност да ја истакнеме нашата одлучност. Има само една пауза на еден долг пат, но последниот збор сѐ уште не е кажан “, вели Сасоли.

Тој смета дека перспективата за членство не е мртва, туку како што вели „е пожива од што беше вчера“.

„Од една проста причина: до скоро за оваа тема не се зборуваше во јавноста. Сега да. И ова е несомнено е предност во процесот кон пристапните преговори. Моторот на ЕУ се граѓаните, а не само лидерите“, вели Сасоли.

XS
SM
MD
LG