Достапни линкови

САД- пет загинати во пукање на Халовин


Пет лица загинаа во пукање ноќта на Халовин во апартман во Северна Калифорнија изнајмен преку сервисот Aирбнб. Како што јавува агенцијата Асошиејтед прес локалната полиција доцна синоќа соопштила дека петиот повреден починал во болница. Властите претходно идентификуваа четири жртви. Засега нема ниту еден уапсен за пукањето, а не се познати ниту мотивите. На местото на настанот се пронајдени два пиштола.

XS
SM
MD
LG