Достапни линкови

ОТА- следени 369 комуникации со судски налог


Архивска фотографија- Зоран Ангеловски, директор на ОТА и пратеникот Емил Димитриев

Една година откако работи Оперативно-техничката агенција (ОТА) директорот Зоран Ангеловски во интервју за МИА вели дека во 2019 година заклучно со септември, ОТА технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите вкупно во 369 комуникации.

ОТА, како што објаснува тој, обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи и не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, што значи дека ОТА не прислушува.

„Техничката поврзаност се обезбедува исклучиво врз основа на судска наредба заради спроведување на следењето на комуникациите во согласност со Законот за следење на комуникациите, односно ОТА постапува само врз основа на добиена судска наредба“, вели Ангеловски.

Во ОТА, како што вели Ангеловски, сега има 21 вработен, а во следниот период најавува вработување на уште неколкумина.

XS
SM
MD
LG