Достапни линкови

Зариф бара САД да се вратат на нуклеарниот договор од 2015


Мохамад Џавад Зариф

САД би требало да се вратат на нуклеарниот договор од 2015 година помеѓу Иран и светските сили, напиша денеска шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф на Твитер, објави АП.

Тој наведе дека новите американски санкции кон Техеран ја покажуваат неуспешната политика на Вашингтон.

„Наместо да се вкопуваат уште подлабоко, САД треба да ја напуштат неуспешната политика и да се вратат во нуклеарниот договор од 2015 година“, напиша Зариф.

XS
SM
MD
LG