Достапни линкови

Шпанија место Чиле ќе го организира Самитот за климатски промени


Глобалниот самит на Обединетите нации за климатските промени следниот месец ќе се одржи во шпанската метропола Мадрид, откако Чиле ја откажа организацијата во последен момент, објави АП.

Извршната секретарка на Обединетите нации за климатски промени, Патриша Еспиноза, соопшти денеска дека официјалните претставници ја прифатиле понудата на Шпанија за домаќин на годинешната конференција од 2 до 13 декември.

Во Чиле вече десетина дена се одржуваа масовни антивладини протести проследени со многу нереди и жестоки судири на демонстрантите и полицијата.

XS
SM
MD
LG