Достапни линкови

Прагот за ДДВ обврзници се зголемува на два милиона денари


Министерката за финансии Нина Ангеловска

Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари. Ова ќе биде уредено со измените во Законот за данок на додадена вредност, кои ги прави Министерството за финансии. Сеопфатата анализа на Министерството за финансии покажа дека
наплатата на ДДВ од даночни обврзници со промет до два милиони денари е само околу 8,7 милиони евра, додека даночната администрација троши повеќе време за ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. Исто така, со ова Владата ќе им даде поддршка на малите и средни компании да растат и да се развиваат.

„Знаете дека темата за прагот стана актуелна откако во јавноста претставници на владата, уште пред таа да биде формирана гласно зборуваа дека прагот за ДДВ треба да се зголеми. Јавната дебата и притисок од јавноста за исполнување на ова усно дадено ветување
се уште не е згасната и денеска сакам и таа да ја адресирам. Затоа, ќе предложиме и промена на периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот ќе го скратиме на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминуваат новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска, образлагајќи ги предлог-измените.

XS
SM
MD
LG