Достапни линкови

Тачи по средбата со Палмер - Косово покажа зрелост


Специјалниот пратеник Метју Палмер во Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по денешната средба со специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, објави дека со гостинот разговарал за „достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажа на последните избори“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Тачи ја нагласи посветеноста на Косово за градење на мирот во регионот.

„Со Мет Палмер, пратеникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, разговаравме за достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажа на последните избори. Косово е партнер на Соединетите Американски Држави во градењето на
опстоен мир во нашето општество“, напиша Тачи.

XS
SM
MD
LG