Достапни линкови

„Генерација З“ на Слободна Европа претставен на Медиумска иновациска лабораторија на УСАИД


Радио Слободна Европа на македонски јазик, денеска, на Втората медиумска иновациска лабораторија на УСАИД во Скопје, го претстави својот проект „Генерација З“. Македонскиот севрвис на Слободна Европа беше одбран од УСАИД како единствена непрофитабилна медиумска организација во државата која е насочена кон младите со специфична и интересна содржина на дигиталните платформи.

Пред присутните на лабораторијата, Љубица Поповска од Радио Слободна Европа, го претстави начинот на кој создаваат производите на проектот „Генерација З“ и начинот на кој тие новинарски и дигитално се изработуваат до финален производ, како и начинот на кој тој производ во дигиталната ера се пренесува до младата публика, односно до т.н. Генерација З.

Иновациската лабораторија, која по втор пат се одржува во Скопје, е дел од Балканската програма за помош на медиуми БМАП на УСАИД. На дводневниот настан учествуваа пет екипи од пет држави од балканскиот регион кои ги претставуваа своите производи.

XS
SM
MD
LG