Достапни линкови

Јанева бара апанажа


Приведување на специјалната обвинителка Катица Јанева

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во притвор за случајот „Рекет“ побарала апанажа. На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата претседателот на Комисијата Илија Димовски информираше дека до Комисијата стигнал допис од адвокатката на Јанева, во кој што се бара да и се одреди апанажа.

Во образложението на адвокатката на Јанева до Комисијата се наведува дека нејзиното барање е врз основа на законските можности кои не забрануваат и не исклучуваат можност притворени или разрешени функционери да бараат апанажа.

Случајот „Рекет“ е даден на оценување, се чекаат да истечат роковите за да се закаже рочиште за оценка на обвинителниот акт, изјави денеска претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев.

За „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милески – Кичеец и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

XS
SM
MD
LG