Достапни линкови

ЗНМ бара нападите врз новинарите да не останат неказнети


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на одбележувањето на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите побара правосудните органи да ги процесираат нападите врз новинарите во најбрз можен рок

„Новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради нивната професија. Правосудните органи мора да ги процесираат нападите во најбрз можен рок, со цел да се заштити демократијата во земјава, затоа што неказнивоста неминовно води во самоцензура, ограничува простор за слободни медиуми и ја прави професијата неатрактивна“, рече Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ.

Во последната година биле регистрирани два физички и еден вербален напад врз новинарите и неколку помали инциденти за кои Здружението јавно реагирално и иницирало постапки пред институциите. Но, како што додаде Чадиковски, Основното јавно обвинителство не одлучи да отвори истрага.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој присуствуваше на одбележување на настанот, истакна дека Министерството за внатрешни работи воспоставува квалитетна и тесна комуникација со медиумите и обезбедува сигурни услови за работа на новинарите и другите медиумски работници.

XS
SM
MD
LG