Достапни линкови

Фараж бара Џонсон да се откаже од договорот за Брегзит


Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж

Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, денеска рече дека доколку премиерот Борис Џонсон го отфрли договорот што го постигна за излез од ЕУ, неговата партија ќе му помогне да победи на изборите. Во спротивно, вели Фараж, тој на претстојните избори ќе постави кандидати на секое место во Велика Британија.

Фараж, како лидер на Партијата за независност му помогна на тогашниот премиер Дејвид Камерон да распише референдумот за Брегзит, а потоа помогна во водењето на кампањата за напуштање на ЕУ. Тој му даде рок до 14 ноември на Џонсон да ги прифати неговите барања.

„Ако владата не се согласи, тогаш партијата „ Брегзит “ ќе биде единствената партија која на овие избори навистина ќе го претставува „ Брегзит“, рече Фараж денеска пред новинарите во Лондон.

Неговата партија нема место во парламентот. Тој вели дека договорот што го постигнал Џонсон, не е Брегзит, туку продолжување на правилата на ЕУ и преговори со години за другите односи.

Тој вели дека единствен начин да се постигне напуштање на Унијата е да се формира алијанса која на изборите ќе победи со големо мнозинство.

XS
SM
MD
LG