Достапни линкови

Пак - Случувањата на Самитот на ЕУ да ги разбудат политичарите


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Претседателката на организацијата на жените на Европската народна партија, Дорис Пак, денеска во Скопје изјави дека во интерес на ЕУ е држави како Северна Македонија и соседните земји да станат дел од Унијата.

Таа вели дека државите од Југоисточна Европа ги гледа како дел од ЕУ и дека мора да се потрудат тоа да се случи по пат на мир, стабилност и демократско владеење.

„Само така може да станат дел од ЕУ. Не би сакала да споменувам која би била другата варијанта, за жал тоа е она што се случи во 90-те години“, истакна Пак.

Таа вели дека последните случувања на Самит на ЕУ треба да бидат повик на будење за политичарите дека конечно треба да работат за она за што се избрани и да ги решаваат проблемите на својот народ.

XS
SM
MD
LG