Достапни линкови

Турција предала 18 сириски војници по координација со Русија


Турското министерство за одбрана соопшти дека предало 18 мажи за кои се верува дека се сириски владини војници, а кои беа приведени на почетокот на неделата во североистокот од Сирија, во близина на границата со Турција. Министерството соопшти дека овој потег се случил по координацијата со Русија, без да прецизира на кого им се предадени мажите.

Приведените мажи биле ослободени пред почетокот на заедничкото патролирање на турско-руските воени патроли во североисточна Сирија во близина на границата.

XS
SM
MD
LG